Видео

5 декември, 2018

Мите Стоилков ќе ве воодушеви со новата балада „Оди си“

Победникот на „Пинковите ѕвезди“ во 2016 година, струмичанецот Мите Стоилков деновиве ја промовираше својата нова песна насловена „Оди си“, чии автори се композиторот Дуду Ахарон и текстописецот Огнен Неделковски, а за аранжманот се погрижи самиот Мите. Снимањето се одвиваше во студиото „Сити саунд“ со Љупчо Соколовски, кој ги направи и миксот и мастерингот.

Во создавањето на оваа емотивна балада учествуваа и Зоран Костадиновски на гитара, Никола Автовски на бас-гитара и Бранислав Автовски и Димитар Михајловски на виолини, а придружните вокали ги отпеа Сара Николовска. Сето тоа визуелно го дополни режисерот Даниел Јовески, со Сара Дамчевска и Синиша Стојаноски во главните улоги.

По минатогодишната „Само она“, ова е втора авторска песна за Стоилков, кој изминатиот период нè почести со неколку одлични преработки, а за во иднина најавува уште многу авторски проекти. Како изгледа и звучи оваа одлична балада о талентираниот струмичанец дознајте во продолжение. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑