26 мај, 2015

Мите Пауноски дебитира со „Далеку од очи, далеку од срце“

Поп-пејачот Мите Пауноски е ново лице на македонската музичка естрада. Талентираниот кичевчанец сними видео запис за песната „Далеку од очи, далеку од срце“, која е снимeна во студиото на Лазар Цветкоски, кој е автор на музиката и на аранжманот, а текстот е дело на Магдалена Цветкоска Ена. Освен Мите, во спотот се појавува и убавата Дијана Најдова. Снимањето на видео записот се одвиваше на повеќе локации: Маврово, Охрид, Струга и Кичево, а го реализираше „Горила филм“.

Инаку, Мите Пауноски живее и работи во Австралија. Тој цврсто верува во своите идеали за многу нови синглови и видео записи, а допрва се очекуваат многу убави рефрени отпеани од него.



Врати се горе ↑