Аудио

6 април, 2018

„Мист“ го најавува својот прв долгометражен албум

Љубљанскиот дум-метал бенд „Мист“ (Mist) ја претставува својата нова песна „Disembody Me“, која ќе се најде долгоочекуваното првенче „Free Me Of The Sun“, што воедно е и прво долгометражно издание за групата, а ќе биде издадено на 1 мај за холандската издавачка куќа „Соулселер рекордс“ (Soulseller Records).

 

Групата им останува верна на своите традиционални думерски корени, засновани врз силни рифови, моќни женски вокали и епски гитарски солажи. Албумот е снимен во студиото „Орк“, како продуцент се потпишува Бенџамин Киц, додека мастерингот го направи Патрик В. Енгел (Кендлмас, Пентаграм, Дарктрон, Егзодус) од „Темпл оф дисхармони“. Со ова издание „Мист“ започнува ново поглавје на патот до длабочините на проклетието.

Инаку, „Мист“ ја сочинуваат вокалистката Нина Спрук, придружната вокалистка и ритам-гитаристка Ема Бабошек, соло-гитаристот Блаж Таншек, басистката Нежа Печан и тапанарката Михаела Житко. Списокот со песни од новото издание е следниот:

01. The Ghoul

02. Ora Pro Nobis

03. White Torch

04. December

05. Altar Of You

06. Disembody Me

07. The Offering

08. Demonized

09. Delirium

10. Free Me Of The Sun

www.facebook.com/mist.doom

mistdoom.bandcamp.com

mistdoom.tumblr.com



Врати се горе ↑