Македонија daniel-kajmakoski-makedonsko zname

29 март, 2014

Мислешево се подготвува за Даниел Кајмакоски

На 01.04 (вторник) во 17.30 часот во Мислешево – родното место на балканската мега ѕвезда Даниел Кајмакоски се организира дочек: „Заслужува пречек, тој е најголемата наша ѕвезда и ќе го пречекаме онака како што му доликува!“ – информираат од организациониот одбор. Мислешевци се посебно горди на Даниел, а особено се благодарни и до неговиот татко кој, како што кажуваат тие, ја напишал и ја отпеал „химната“ на нивното село. Гордите мислешевци Ве покануваат и вие да присуствувате на овој настан. Како што е познато, Даниел Кајмакоски е првиот победник на регионалната верзија од светското музичко шоу X Factor. Во финалето Даниел музички ги прегази конкурентите и осамна на првото место.

Во продолжение уживајте со химната на Мислешево во изведба на самиот автор Павле Кајмакоски.

 



Врати се горе ↑