Балкан MisaMasinafoto

2 јули, 2013

Миша Машина, слон и жирафа Ви подаруваат 17 песни

Дури шеснаесет песни, една инструментална и една бонус тема кои се најдоа на деби албумот „Na ledjima žirafe“ од Миша Машина, од денеска се достапни за бесплатно симнување од овој линк. Миша е една од најитересните фигури кои се појавија на белградската сцена во последните неколку години. Веќе подолго време делува во различни форми; гитарист е во бендовите Друго Лице и Централна Активност, а својата неисцрпна креативност одлучил во најголема мера да ја претстави преку “one-machine-band“ – Миша Машина.

Покрај во дигитална форма, албумот е достапен и на ЦД, на чија обвивка покрај текстовите се наоѓа и упатство за правење оригами за жирафа, која Миша заедно со уште еден слон редовно ги спомнува како составен дел од “бендот“.

„Иако налик различни, сите нумери како музичка основа содржат нов бран (крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите години), помешан со некои други помалку и повеќе блиски жанрови, со текстови кои го критикуваат современиот живот, субкултурата, секојдневните ритуали и тн., свивајќи ги во луди и духовити обланди.“ – вели Миша Машина.

Повеќе информации за овој сестран уметник, кој во слободното време е професор по филозофија во неколку белградски средни училишта, можете да дознаете на неговата веб страна mishamashina.comuv.com.



Врати се горе ↑