Балкан Miroslav-Ilic

11 декември, 2012

Мирослав Илиќ прослави роденден и 40 години кариера

Легендата на српската музика, Мирослав Илиќ вчера во Сава центарот во Белград одржа концерт со кој го прослави неговиот 62-ри роденден и јубилејот 40 години музичка кариера. Бидејќи еден концерт не беше доволен, Илиќ ќе одржи уште 2, еден вечерва и еден утревечер, а за вечерашниот картите се веќе распродадени.  Пејачот секоја година на неговиот роденден, традиционално одржува концерти, а задоволната публика ги пее неговите најголеми хитови заедно со него, како што се „Волео сам девојку из града“, „Теби“, „Поздрави је поздрави“, „Јој Радо, јој Радмила“, „Најлепша си када се смејеш“ и други.

Како специјален гостин на неговиот концерт се појави Иван Ивановиќ, а концертот го следеа и актерот Гордан Кичиќ, Саша Матиќ и други.

 

Извор и фото: Телеграф



Врати се горе ↑