Концерт ми

18 јануари, 2017

Мирослав Илиќ ќе прослави 45 години кариера во Скопје

Скопје е првата станица од славеничката турнеја на фолк легендата Мирослав Илиќ, кој годинава одбележува 45 години кариера. „Ако ви се игра – играјте, ако ви се пее – пејте. Добредојдовте и на здравје“, вели музичарот во поканата за концертот пред македонската публика, која со неговите најголеми хитови ќе може да ужива на 11 март во арената „Метрополис“.

Заради славеничкиот повод, концертот ќе има поинаква концепција и само со места за седење, а влезниците ќе бидат во ограничен број. Предвидено е концертот да трае неколку часа, со оглед на тоа дека Илиќ ќе има и музичка поддршка од две мошне популарни домашни фолк-имиња, а ќе се потсетиме на безвременските хитови од 45-годишната кариера на, како што го нарекуваат, Славејот од Мрчајевци.

Божанствена жено“, „Лажу да време лечи све“, „Волео сам девојку из града“, „Поздрави је, поздрави“, „Један дан живота“, „Зовеш ме на вино“, „Теби“ и „Поломичу чаше од кристала“ се само дел од темите што ќе се најдат на репертоарот на човекот кој своите студентски денови ги поминал во Скопје, што е уште еден од поводите зошто токму од кај нас ја започнува својата голема турнеја.



Врати се горе ↑