14 јули, 2017

„Million Miles Million Lives“ е новиот сингл на „Протагонист“

После најавниот сингл „Love Stream“ и „Mono Maniac“, еден од најпрогресивните македонски бендови, „Протагонист“, деновиве го објави својот нов сингл насловен „Million Miles Million Lives“, кој ќе биде сместен на второто студиско издание „Absolute Attitude“.

„За разлика од нашиот деби албум ’No Exit Museum’, музиката од новиот материјал на кој работиме како дел од албумот ’Absolute Attitude’ е доста подиректна, овој пат користиме повеќе гитари и мислам дека успеавме да дојдеме на едно посебно место каде успеваме да ги балансираме рок-музиката и електрониката. Сите прогресивни елементи од нашата музика се таму, но овој пат сме многу поексплицитни“, рече вокалистот на бендот, Раш, најавувајќи го новиот материјал.

И овој нов сингл стигна заедно со видео запис, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑