Аудио milion-stranci

27 март, 2013

Милион дебитираат со „Странци“

Милион ноти, стихови, емоции, желби и идеи претопени во музика – „СТРАНЦИ“, првиот официјален сингл на тимот Милион, новото име на македонската музичка сцена. Спој на иновативни РнБ, Хип-Хоп и ориентални звуци со длабоки стихови и квалитетна продукција. Со помош на Роберт Билбилов околу снимањето и аранжманот во студиото на РБ, тројката донесе освежувачки и уникатен звук во етерот.

„,И да пресуши светот, ќе преживееме ние  – ќе плачам над неа солзите мои за да ги пие…’ Тие стихови едноставно беа дел од мене, и свиреа во мојата глава. Морав да ги исфрлам“ -вели Илија Димкоски  еден од членовите на тимот МИЛИОН, кој го сочинуваат и Александар Тодороски, Мики Китаноски и Роберт Красниќ.

„Додека поп, Р&Б и фолк пејачите најчесто пеат песни од стилот „те сакам“, „неможам без тебе“ и слично, додека раперите „навредуваат“, ние сме едни од ретките артисти моментално што рецитираат за љубов од интелегентна, вистинска и зрела љубовна перспектива. Да темата е за љубов и се гордееме  што е така,  впрочем што е животот без љубов“ – велат Милион артистите. Песната деновиве ќе доживее своја радио премиера на брановите на повеќе радио мрежи. Ако во продолжение добиваме ваков звук, очекувајте да слушнете многу за тимот Милион.

Извор: 10bez10.com/фото: фејсбук страница на Милион Тим



Врати се горе ↑