Балкан 405108_457193184297116_2029082827_n

17 декември, 2012

Милица Тодоровиќ е подготвена за Евросонг

За фестивалот Беосонг на кој во март следната година ќе се избере српскиот претставник за Евровизија 2013, од Гранд продукција одлучиле да ја испратат русокосата пејачка Милица Тодоровиќ, изјавил за српски Курир извор близок на оваа продукциска куќа.

„Кога се распиша конкурсот, Саша Поповиќ се состанал со своите соработници и скоро едногласно било одлучено дека поддршката треба да и се даде на една од најуспешните ѕвезди на Гранд, Милица Тодоровиќ. Песната ќе ја работат најдобрите автори од нашите простори, па успехот е гарантиран.“ -изјавил изворот додавајќи: „Милица ги има сите предиспозиции да ја добие картата за Шведска! Одлични гласовни можности, со домашните хитмејкери и добра продукција се клуч за успех, а Гранд продукција нема да штеди. Во јавноста може да се чујат гласини дека повеќе пејачи од оваа продукција ќе учествуваат на овој избор, но скоро е сигурно дека продукцијата ќе застане само позади еден изведувач, односно Милица.“

Тодоровиќ не сакала ни да ги потврди ниту да ги демантира овие изјави. За сега е познато  дека за претставници на Србија ќе се борат и ОТ Бенд, кои ќе се претстават со рок нумера во нивниот препознатлив стил. Во продолжение видете што може да понуди оваа русокоса ѕвезда од Гранд продукција.

Извор: kurir-info.rs



Врати се горе ↑