Видео celik-bend

12 декември, 2016

Милена и „Челик бенд“ го промовираа „Кумановскиот зет“

Кумановскиот бенд „Челик бенд“ своето тригодишно постоење на македонската народна сцена го одбележи со промоција на втората по ред песна насловена „Кумановски зет“, за која снимен е и видеозапис.

celik-bend-2

Промоцијата на новата песна и видеозапис на „Челик бенд“ во присуство на голем број пријатели, колеги и претставници на македонскиот медиумски сектор се одржа во вторникот (6 декември, 2016 година) во ресторанот „Центропалас“ во Куманово, а домаќинка на вечерта беше нашата прекрасна ТВ водителка, Милена Антовска.

celik-bend-3

Музиката за „Кумановски зет“ на „Челик бенд“ ја напиша Гоце Нанов, текстот е дело на Орце Зафировски, додека за аранжманот се погрижи Ангел Косев. Песната е снимена во студиото „Подрумот“, а видео записот е во продукција на „ТВ Плус“ од Куманово.

Во продолжение погледнете го најновиот видео запис на „Челик бенд“ за темата „Кумановски зет“.



Врати се горе ↑