Видео 1900172_286429814846039_1057517079_n

12 февруари, 2015

Миле Кузмановски промовираше албум и 5 видео записи

Вчера, 11 февруари, со почеток од 12 часот во ресторанот „Мандра“ во Скопје, некрунисаниот крал на македонската фолк естрада, Миле Кузмановски го промовираше својот нов албум „Шприцер“ и дури 5 видео записи за песни кои се најдоа на цедето. Ова е шесто албумско издание во неговата кариерата, на кое има девет нови композиции и три бонус песни – неговите досега најголеми хитови: Не кани ме“, „Крал без круна и Сакам да се оддолжам“.

Тимот на автори е оној истиот со кој Миле Кузмановски веќе подолго време соработува: Александар Митевски, Љупчо Павловски, Душко Коларовски, Миле Барбаровски, Никола Автовски, Драган Вучиќ, Владимир Дојчиновски- Дојчин. На некои од песните се појавуваат и нови автори, кои, како што самиот пејач вели, се негови долгогодишни пријатели и колеги како Р. Димкоски или  Анита Даева.

Издавач на ова цеде/дивиди е „Сенатор рекордс“ и речиси  секоја песна има и свој видеоспот. За две песни: „Презиме“ и „Шприцер“ веќе постојат видео записи изработени минатата година од продукција „Фабрика“.  За останатите песни дополнително се изработени уште 4 нови видео записи. За композициите „Рулет“, „Што има ново генерацијо“ и „Љубов, само љубов лекува“ спотовите ги изработи австралиската „ИН продукција“, додека видео записот за „Играј срце“ е  дело на скопската видеопродукција „Фабрика“.

На вчерашната промоција со видео запис беше премиерно претставена и песната „Готово е“, која е направена со помош на  субвенциите од Владата на Република Македонија. Песната е дело на Љупчо Павловски, а видео записот е повторно на продукција „Фабрика“. Заедно со цедето во посебен дивиди формат е издаден и концертот на Миле Кузмановски во Универзална сала од 2014 година.

Во продолжение погледнете ги видео записите за темите „Рулет“, „Што има ново генерацијо“ и „Љубов, само љубов лекува“. Уживајте!

 

Извор: Вистина.мк

 



Врати се горе ↑