7 мај, 2014

Миле Кузмановски го претстави своето „Презиме“

„Презиме“ е новата песна на Миле Кузмановски, чиј автор е Александар Митевски и неговата „Торус продукција“. „Сè ќе ти дадам, само презимето не“ вели Миле во оваа песна која е вистинска приказна за двојка чија љубов е забранета и во која секој може да пронајде дел од себе, своето минато, сегашноста… „Презиме“ доби и своја екранизација за која се погрижи Марјан Огненовски и „Фабрика продукција“. Снимањето се одвиваше на неколку локации во Скопје, а главните ликови се Љупчо Крстев и Јелена Тасиќ, како и едно прекрасно куче по име Мекс, како симбол на верзноста и приврзаноста. Како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.

Извор: Вечер



Врати се горе ↑