Балкан milan-tarot-beosong-filip-pat-pobeda-1359245370-259083

27 јануари, 2013

Милан Тарот: Ќе победам на Беосонг!

Контроверзниот предвидувач на судбината, Милан Тарот ќе настапи на годинешниот Беосонг, каде што ќе се појави како гостин на групата Мајка купа Перу и фронтменот Филип Пат, кои ќе ја изведат авторската нумера „Иди“.

„Ќе победиме на на фестивалот. Мојата улога во песната ќе биде симболична, но ќе дадам голем придонес за човештвото“ – открил Милан за спрски Курир. Тој нагласил дека, според неговите тарот прогнози, ќе победат и пласманот на Евросонг единствено можел да им го наруши директорот на РТС.

„Постои опасност Беосонг да биде откажан поради аферата на Александар Тијаниќ, која треба да излезе во јавност. Заради тоа не можам да спијам веќе со денови. Не ми е јасно дали тоа ќе се случи пред или по фестивалот. Чувствувам дека Тијаниќ ќе го уапсат бидејќи мател нешто со парите од претплатата“ – објаснил Милан во негов стил, додавајќи: „Филип Пат направи генијална песна. Не е ни забавна, ни народна. Нешто во стилот на Пеперс, само што може да се свири и по кафани.“

За оваа вест, Филип Пат изјавил: „Идејата да се ангажира Милан Тарот беше на гитаристот на бендот, Никола. Мојата работа беше да контактирам со него. Со оглед на тоа што беше гостин во утринската програма на Урош Богдановиќ на радио Индекс, каде што работев и јас, лесно ми беше да го побарам и да му предложам соработка, која тој ја прифати. Всушност, кој ќе знае кој е победник на Беосонг, ако не тој“ – рекол Пат, кој напоменал дека неговата поранешна сопруга Леонтина Вукомановиќ сè уште не ја слушнала песната: „Не разговараме на таа тема, секој се занимава со своите обврски. Единственото нешто што има врска со неа е охрабрувањето да се појавам како пејач.“

Извор и фото: kurir-info.rs



Врати се горе ↑