27 декември, 2012

Милан Миланов со нова песна „Преку ноќ“

Надежниот музичар и текстописец од Тетово, Милан Коса Миланов вчера ја претстави неговата прва соло песна „Преку ноќ“, за која текстот го напиша самиот тој, додека музиката и аранжманот им се заеднички со Лазар Цветкоски. Песната си доби видео запис, кој како што вели Милан е „Raw and Real … без светло, без шминка, без пари, без опрема , без некој посебен стајлинг… но со многу душа.“ Истиот е  во продукција на Positively Dirty Minded Production, во режија на Драги Неделчевски, а дел од екипата беа и Глигур Ѓорѓески и Томе Наумовски. Инаку, Милан се потшпишува на текстови на песни на Влатко Лозаноски, Дарко Илиевски, Ристе Тевдоски и многу други.

Со оваа одлична балада Милан им ги честита празниците на неговите фанови и поддржувачи, а ние му честитаме за одличната песна и му посакуваме многу успех, не само во следната година, туку и сите по неа. Уживајте со „Преку ноќ“.



Врати се горе ↑