Видео

1 април, 2019

Мила Николовска ја препеа Тамара Тодевска

Тамара Тодевска важи за еден од најдобрите вокали во целиот регион, па ретко кој се осмелува да ги препее нејзините моќни балади, освен ако не станува збор за уште еден моќен вокал. Токму тоа ни го докажа младата Мила Николовска, ќерка на покојниот маестро Саша Николовски Ѓумар, која за македонската публика е позната по учеството на „Кастинг талент шоу и во првиот македонски мјузикл „Тајно моја“.

Имено, талентираната пејачка деновиве ја претстави својата верзија на емотивната „Брод што тоне“, со која Тамара го освои второто место на Скопскиот фестивал во 2014 година. Ова комплетно авторско дело на Роберт Билбилов, Мила го сними во студиото „Подрумот“ на Ангел Ќосев, а сето тоа визуелно го дополни продукцијата „Кумев брадрс“.

Прекрасната изведба е уште еден доказ дека музиката тече во нејзините вени, па се надеваме дека ова е само почеток на нејзината музичка кариера и дека наскоро ќе нè почести и со оригинална, авторска песна. Како звучи и изгледа „Брод што тоне“ во изведба на Мила Николовска дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑