Аудио Microsonic 03 foto Stanislav Milojkovic

10 декември, 2013

Микросоник со нов сингл и деби албум

Српскиот инди рок бенд Микросоник го заврши снимањето на својот деби албум, а новиот материјал ќе го промовира во родниот град Нови Сад. Бендот свири авторска музика, која критичарите ја опишуваат како „психоделија на Панонската рамнина, некаде на половина пат меѓу Ер (Air) и Соник Јут (Sonic Youth)“. Од април 2004 година Микросоник бележи голем број на самостојни и фестивалски настапи, вклучувајќи ги и оние на Егзит, Демо Фест во Бања Лука, УФО во Осијек и Лузерфест во Македонија.

Од почетокот на 2013 година бендот го сочинуваат Даниела (вокал и бас), Шоле (гитара и придружен вокал), Влада (клавијатури) и Жуле (тапани), кои штотуку завршија со снимањето на нов материјал за нивниот деби албум, а како прв сингл е претставена темата „Plastic Sky“, која наскоро ќе добие и свое видео издание. Албумот насловен „Unreal Images“ содржи 12 песни и е снимен во студиото Каменолом во Нови Сад, под продуцентската палка на Владимир Миладинов. Следува потрага за издавач и концерти по повод промоцијата на албумот, кои ќе бидат најавени наскоро.

Како звучи новиот сингл можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑