Аудио Microsonic 01 by Stanislav Milojkovic

8 април, 2014

Микросоник го претстави деби албумот „Unreal Images“

Деби албумот на српската инди рок група Микросоник беше објавен деновиве со поддршка на Студентскиот културен центар од Нови Сад, а бендот воедно го објави и новиот сингл „Is It Easier“, за кој наскоро се очекува и видео запис. Албумот „Unreal Images“ кој содржи 12 песни е снимен во новосадското студио „Каменолом“, под продуцентската палка на Владимир Миладинов. И пред самото објавување, албумот доби позитивни критики во рецензиите на музичките страни Helly Cherry и Time Machine Music.

Од 11 април Микросоник ќе ја започне концертната турнеја во чии рамки ќе го промовира новиот материјал, а по настапите во родниот Нови Сад групата ќе продолжи и во други градови во Србија. Обвивката на албумот ја дизајнираше Филип Малетиќ, а сите песни можете да ги преслушате во продолжение.

Фотографија: Станислав Милојковиќ



Врати се горе ↑