Македонија miki-sekulovski

25 април, 2013

Мики Секуловски најави нова песна

Македонскиот Идол Мики Секуловски веќе подолго време го подготвува неговиот деби албум, а во изминатиов период имавме можност да слушнеме две песни, еден видео запис и една одлична преработка на македонски начин. Неговиот прв официјален видео запис беше за песната „Зошто мора да си ти“, по која следуваше и „Почеток и крај“, а неодамна нè почести и со обработката на хитот „Impossible“, оригинално отпеана од Шонтел.

А сега, Мики најавува уште една нова песна која го носи насловот „Дај да те сменам“, која како што е објавено на неговата фејсбук фан страница, ќе пристигне во понеделник. Сигурно можеме да очекуваме уште едно одлично музичко парче, а додека го очекуваме понеделник, да се потсетиме на една од одличните изведби на Македонски Идол, песната „Кажи ми“, оригинално отпеана од легендарниот Драган Мијалковски.

 



Врати се горе ↑