Македонија miki-sekulovski

16 декември, 2013

Мики Секуловски ќе промовира албум на пролет

Екслузивецот на Sky Eye Entertainment, Мики Секуловски оваа пролет ќе ја збогати македонската музичка продукција со издавањето на неговиот деби албум. Поголемиот дел од песните кои ќе се најдат на албумот се веќе снимени и се во завршна фаза на изработка. Од претстојниот албум наскоро се очекува да се издаде уште еден сингл со видео запис.

Во меѓувреме како подарок за сите љубители на добра музика, деновиве заедно со продуцентите Роберт Билбилов, Зоран Алексиќ и Столе Аврамов на гитара снимија преработка на баладата насловена „All of Me“, која се најде на актуелниот, четврт по ред студиски албум „Love In The Future“ на американскиот музичар Џон Леџенд. Се надеваме дека ќе Ви се допадне. Сите оние што уживаат во добрата песна и одличната вокална изведба на Мики, можат да присуствуваат на бројните негови настапи низ клубовите во Македонија.

 



Врати се горе ↑