11 јули, 2017

Мики Секуловски ја преработи Кејти Пери

После пауза од речиси две години, Мики Секуловски конечно нè почести со ново музичко парче, овој пат преработка на песна од неговата американска колешка Кејти Пери. Станува збор за темата „Rise“, која воедно беше химна на минатогодишните Летни олимписки игри во Рио, а уникатниот вокал на познатиот велешанец сега ѝ даде ново руво, пеејќи ја само во придружба на пијано, сето тоа спакувано со видео во реализација на Темелко Андреев и „Импакт продукција“.

Имајќи ја предвид подолгата пауза од музичката сцена, се надеваме дека ова е и најава за зголемена активност на некогашниот идол, кој последно го слушнавме на Скопскиот фестивал во 2015 година, кога се претстави со темата „Илјада светови“.



Врати се горе ↑