Балкан miki jevremovic

6 ноември, 2012

Мики Јевремовиќ со концерт за пола век кариера

Легендата на забавната музика, Мики Јевремовиќ неодамна ја претстави монографијата „50 години со вас“ и најави солистички концерт, кој ќе се одржи во сабота 10ти ноември во Домот на Синдикатот по повод златниот јубилеј – пола век музичка кариера. Славниот пејач изрази големо задоволство што пред точно пет децении неговиот прв солистички концерт го одржа токму таму.

Јубилејниот концерт ќе биде под поктовителство на „Вечерњи новости“, а ќе трае повеќе од два часа. Пејачот изјави дека ќе настојува да отпее што поголем број на песни, а еден од специјалните госи ќе биде и неговата ќерка Јелена.

Јевремовиќ во неговата монографија се осврнува на целокупната негова кариера, од самите почетоци, до многубројните фестивалски награди и концерти кои се повеќе од 5000. Покрај другото, ова издание содржи новинарски статии и фотографии од различни периоди од неговата кариера, со посебен акцент на гостувањето во Советскиот Сојуз, каде своевремено Мики беше многу популарен.

Извор: www.novosti.rs



Врати се горе ↑