Свет elvis-presley-e-mick-jagger

16 јуни, 2013

Мик Џегер снима филм за Елвис?

Пејачот на легендарниот бенд Ролинг Стоунс, Мик Џегер и неговата продукциска куќа „Jagged Films“ наводно се во преговори со студиото „20th Century Fox“ за продукција на филмска биографија на популарниот крал на рок музиката Елвис Пресли, пренесуваат американските медиуми.

Во едно од интервјуата дадени минатата година, ќерката на Пресли, Лиза Мари изјавила дека не е задоволна со досегашните прикажувања на нејзиниот татко: „До сега ништо не е направено како што треба, ништо што би ги прикажало сите аспекти од неговата личност. Сепак, тоа ќе се случи.“ – рекла таа.

Портпаролот на студиото не можел ништо да потврди освен тоа што е веќе познато – дека сè уште е во план биографијата „Last Train to Memphis“, на која се работи повеќе од една деценија. Основана врз истоимената биографска книга од Питер Гуралник, „Last Train to Memphis“ ја истражува неговата животна страст за музика од блуз и госпел до Бинг Крозби и Марио Ланца, неговата приврзаност за семејството, неговите интимни врски и „мистичната вера“ која Пресли ја имаше во неговата музика.

Елвис Пресли се појавил во 33 филмови (31 во кои има главна улога и 2 документарни концертни филма), а по неговата смрт се снимени бројни филмови за неговиот живот. Последниот биографски филм „Elvis“ беше претставен во 2005 година, а главната улога ја одигра актерот Џонатан Рајс Мејерс.


 



Врати се горе ↑