Аудио mijata

24 февруари, 2016

Мијата со „Приспивна“ песна за сите деца

Како подарок за сите деца, Мијата сними одлична приспивна песна на македонски јазик, за која се инспирирала од ќеркичката Никита.

„Никита заспива со песни што ги компонирав специјално за неа. Ги користиме и рефрените што ги напишав во времето кога Калин беше бебе. Една од темите ја издвоив како особено драга и одлучив да биде мојот следен сингл. Композицијата ќе биде подарок за сите деца. Ги охрабрувам и другите автори да создадат нешто најискрено за најмилите. Постои дефицит на таква музика на македонски јазик“, изјави таа за „Дневник“.

Пејачката, која својот долгоочекуван, прв албум „Небеска“ го промовираше пред речиси една година, се потпишува како комплетен автор на „Приспивна“, а аранжманот го направи нејзиниот долгогодишен пријател и соработник Трајко Симоновски – Таци. Како звучи сето тоа слушнете во продолжение. Уживајте!

Фотографија: Фејсбук 



Врати се горе ↑