Видео

26 јуни, 2019

Мијата со песна порачува: „Полетај“

„Можеш да шириш крилја, не чекај, полетај“, пее Мијата во својата нова песна насловена едноставно „Полетај“, чија промоција се одржа вчера и зад која има интересна приказна.

„’Полетај’ е приказна која се крчкаше и создаваше во изминативе три месеци. Сè започна кога на музичкиот фестивал во Италија кој ги собра контролорите на летање, ја слушнав оваа песна. Ја пееше една навистина интересна група од Германија. Откако авторот ми дозволи да ја препеам на македонски, започна редењето на коцките. Ова што го направивме заедно со целиот тим е само доказ дека ако нешто вистински се сака, тогаш ништо не е невозможно. Едноставно нештата се редеа сами“, раскажа Мијата.

Автор на музиката е Ханс Греис, стиховите се на Мијата, а аранжманот го направи Дамир Пух, чие дело се и специфичните гитарски делници во песната. Сето тоа визуелно го дополни екипата на продукцијата „Мелем“, на чело со Огнен Шапковски, кои создадоа мошне интересна, апокалиптична визуализација. Освен Мијата, во видеото се појавуваат и тапанарот Иво Митковски, гитаристот Кире Мирчовски и басистот Ване Ѓорговски, а како изгледа и звучи „Полетај“, дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑