Аудио miyatta

28 септември, 2013

Мијата се враќа со „Панделка“

Пејачката која „Верува во себе“ и нејзините „Волшепства мали“, Наташа МијатовиќМијата по подолга пауза се враќа на музичката сцена претставувајќи го својот нов сингл „Панделка“, чија музика ја потпишува самата таа, текстот го напиша Весна Малинова, а аранжманот е на Трајко Симоновски – Таци, додека за миксот се погрижи Дарко Спасовски – Пацки. 

„Жал ми е што направив толку голема пауза и се надевам дека љубителите на мојата музика ќе имаат разбирање“ – вели Мијата, додавајќи: „’Панделка’ е направена од секој молекул на моето слободно време и сега од срце ја споделувам со Вас.“

Во продолжение слушнете ја новата „Панделка“ и уживајте со видео анимацијата од анонимен автор која одлично ја надополнува оваа приказна.

 



Врати се горе ↑