Видео

2 октомври, 2018

Мијата ја побара слободата за секој од нас со „Дај ми ДА“

Мијата објави видео-приказна за нејзината песна „Дај ми ДА“, која е дел од кабаре-концертот „Јаболки и круши за уметнички души“ што изминативе неколку месеци патува низ Македонија, а ќе заврши во Скопје на крајот на ноември. Видеото е извадок од перформансот „Јаболки и круши за уметнички души“, а и пораката е силна: „Слободата на секој од нас“ – порачува Мијата.

Темата „Дај ми ДА“ е резултат на една од соработките на Мијата со Кокан Пандиловски, басист на легендарните македонски рок-групи „Триангл“ и „Конкорд“, кој се потпишува како автор на музиката. Аранжманот и продукцијата се исто така на уште еден бас-гитарист, Трајко Симоновски-Таци, познат од придружната група на Тоше, со кого Мијата соработуваше на голем број од песните на албумот „Небеска“, додека стиховите ги напишала самат Мијата.

„Јаболки и круши за уметнички души“ е кабаре-перформанс чиј автор е Мијата, режијата е на Војо Цветановски и е дел од манифестацијата Новиот културен бран 2018. Во кабаре-концептот освен Мијата учествуваат и Мето Јанакиевски и Томе Станковски како пантомимичар и физички театар, Ајхан Куртов е на пијано, а Тања Рибарска е во улога на инспициент и дизајн на звук. Зад камерата како директор на фотографија се појавува Сенад Расимов, додека  монтажата ја изработиле Тања Рибарска и Глигор Кондовски.

Како изгледа видеото за „Дај ми ДА“ на Мијата, погледнете во продолжение. Уживајте!

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑