Македонија mijata

20 март, 2015

Мијата го промовираше албумот „Небеска“

„Родив едно дете, второто го носам во моментов, а третото се тринаесетте песни од албумот кој го сонував со години, токму таков, со гнездо на главата и птици кои најавуваат убави нешта“, изјави македонската пејачка Мијата, која синоќа во „Сити хол“ го промовираше првиот албум „Небеска“.

Албумот „Небеска“ содржи 13 песни, е круна на нејзината досегашна кариера, која трае повеќе од една деценија. На промоција на видео бим одеа спотовите и настапите на Мијата, како и делови од нејзиниот живот, нејзината кариера како контролор на летање, се вртеа нејзините песни… Како кулминација на вечерта беше настапот со бенд во живо со кој изведе три песни Верувам во себе“, „Панделка“ и „Како деца мали, пренесува „Република.мк“.

„Небеска“ претставува ретроспектива на нејзината музичка кариера. Албумот го отвора интрото „Deep Inside My Heart“, па потоа се редат старите песни, како и неколку нови.

Извор: Република.мк / Насловна фотографија: Ѓорги Личовски



Врати се горе ↑