Видео

14 мај, 2018

Мијата докажа дека е одлична „Домаќинка“

Во Кинотеката на Македонија, денеска точно напладне Мијата го промовираше својот најнов музички проект насловен „Домаќинска“. Станува збор за весела песна со ретро-призвук, ветувајќи голема слушаност, а за сето тоа ќе придонесе и симпатичното ретро-видео, во кое пејачката покажува дека е одлична домаќинка.

Фотографија на MIYATTA.

Потписот на Мијата стои и на музиката и текстот, аранжманот и продукцијата се на Петар Димитровски, а сето тоа е снимено во студиото на битолчанката Стефанија Милевска, која заедно со Мијата ги отпеа и придружните вокали. Во создавањето на песната учествуваа и Гоце Јовановски на контрабас, Дарко Фурнаџиски на кларинет/флејта и Петар Димитровски на клавијатури/програмирање.

Фотографија на MIYATTA.

Одличното видео пак, во кое Мијата е во друштво на Стефанија, Катерина Илиоска и Ангела Здравковска, се снимаше во студиото на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕФТА, предводено од проф. м-р Милчо Узунов, заедно со студентите по филмски уметности. Режисерка на оваа екранизација е самата Мијата, директор на фотографија е Сашо Доковски, а монтажата ја направи Никола Качански (3Д студио), додека фотографиите на сетот ги направија Сашо Доковски и Тања Рибарска.

За изгледот на четирите домаќинки се погрижија Ангела Милевска (шминка) и Викторија Ивковска (фризура), а како изледа и звучи оваа „домаќинска“ песна на Мијата, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑