Македонија Vera_Darko_RadioMK

3 јуни, 2014

Мијалковски: Вера Јаковиќ нема доживотен договор со Макфест!

По промената на Вера Јанковиќ за водител на „Макфест”, за денешното издание на дневниот печат Дневник се изјасни Дарко Мијалковски: Жал ми е што Вера Јанковиќ не вложи напор и сила да направи мала отстапка, а навистина сакавме да ја испочитуваме. Не пронајдов во ниту една архива дека некој има доживотен договор со Макфест, вели Мијалковски, новиот директор на познатиот штипски фестивал.

Kога првпат ја контактирав Јанковиќ во обид да закажеме средба, таа веќе имаше донесено одлука, а притоа, без воопшто да ѝ бидат обелоденети сценариото и улогата за која е планирана. Симптоматично е што два часа пред да ја побарам, одлуката дека нема да биде водител на ’Макфест’ веќе ја имаше споделено со своите пријатели на „Фејсбук“. Почна неосновано да нè напаѓа по медиумите, така што што и да ѝ понудевме, немаше да има можност да се врати“ – објаснува Мијалковски за Дневник.

По 14 години, за прв пат на овој фестивал ќе имаме можност да ја видиме соодветната замена на Јанковиќ, атрактивната Марјана Станојковска, заедно со една од многуте потенцијални хостеси.



Врати се горе ↑