Аудио c-m-dm-r

22 април, 2014

„Midnight“ од Колдплеј доби ремикс од Џорџо Мородер

По ненадејното објавување на песната „Midnight“ и неодамна претставениот сингл „Magic“, британскиот бенд Колдплеј го најави својот шести по ред студиски албум „Ghost Stories“ закажан за 19 мај. Токму темата „Midnight“ која пристигна заедно со видео запис, деновиве доби и свое ремикс издание за кое беше задолжен 74-годишниот италијански композитор и сопственик на 3 Оскари и 3 Греми награди, Џорџо Мородер.

Познатиот музичар во текот на минатата година беше актуелен со соработката на новиот албум на Дафт Панк, со што ја обнови својата извонредна кариера, а како звучи неговиот ремикс на темата „Midnight“ од Колдплеј можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑