Видео 12294804_975714065808465_12532342495977919_n

7 декември, 2015

Миа ја напушти вилата „На иста адреса“

На вчерашната осма гала вечер „На иста адреса“, натпреварувачите имаа можност да се претстават со по две песни пред пет членото жири, Весна Бејби Петрушевска, Лила Стојановска, Димитар Андоновски, Есма Реџепова и шоу биз полицаецот Боки 13. Во првиот круг песни, жирито имаше забелешки околу изборот на песните на скоро сите натпреварувачи. Конструктивна критика беше упатена до Марио, Марија, Алмир, Валери и Стефан, а пофални зборови до Александра.

Во вториот круг песни, натпреварувачите беа посигурни во своите изведби, а жирито задоволно уживаше во нивните настапите. Но како и секоја, така и оваа гала заврши со уште едно исфрлување. Овој пат натпреварувач со најамалку гласови беше Миа, која и покрај тоа што одлично се претстави на осмата гала беше дисквалификувана.

По испраќањето на Миа, натпреварувачите ги коментираа настапите од осмата гала, а што имаа да кажат за своите настапи погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑