4 февруари, 2013

„Ми пукна филмо“ на Паркети доби видео издание

Битолскиот состав Паркети, по првиот видео сингл „Република Франкенштајн“, објави нов видео запис за песната во која порачуваат дека „му пукна филмо“.

„Ова е автобиографска песна на Паркети“ – вели фронтменот Сашо, кој веќе одамна своето вистинско презиме го замени со Паркет. „Музика од три акорди со шпански мелос. Песната е снимена во истиот ден кога е и напишана. Ни се допадна енергијата и ја оставивме во изворен облик, без дополнителни корекции.“

Нумерата „Ми пукна филмо“ ја следи видео запис за кој Сашо Паркет открива дека е снимен со ефтин апарат. „Направивме околу 3200 фотографии кои ги обработивме во фотошоп и креиравме спот. Ефтино, но искрено! Важно е мотото на песната, кое всушност е мотото на бендот Паркети.“ – рече пејачот на овој битолски состав кој постои повеќе од две децении.

 



Врати се горе ↑