21 октомври, 2012

Погледнете го „Метрополис“ на Дејвид Гета

Францускиот продуцент и диџеј Дејвид Гета лансира уште еден сингл од реизданието на неговиот последен албум „Nothing but the Beat 2.0”. „Metropolis” e насловот на песната која е во соработка со Ники Ромеро. Видео записот за истата го иработи „ѕвездата на уличната уметност“ Мистер Брејнвош, а интересен е податокот што неговото вистинско име е Тиери Гета. Тој истакна дека концептот, односно креативната инспирација за овој видео запис ја добил од старинските објекти, како што се телевизорот и грамофонската плоча и воопшто технологијата која што се користела за слушање музика во минатото. Имал желба да им ја врати убавината и да ги претвори во уметнички дела. Резултатот од оваа интересна идеја е доста интересен, „стари телевизори“ испрскани се спрејови во боја, спалувани и искршени во ситни делчиња.

„Уметноста не може да биде критикувана затоа што секоја грешка е нова креација.“ е пораката на почетокот на видео записот, а што следува понатаму погледнете сами.

 



Врати се горе ↑