Настани

1 јули, 2019

Метју Декеј го отвора првиот „Аманет“ во Охрид

Се вели дека не постои втора шанса за да се остави првиот впечаток. Затоа првото издание на фестивалот „Аманет“ ќе ја има честа да го отвори еден од омилените диџеи за македонската публика, човекот кај кого забавата е загарантирана – холандската ѕвезда Метју Декеј – порачаа организаторите на новиот фестивал.

„Нашите планови и амбиции се да прерасне во фестивал кој ќе биде препознатлив белег на македонската урбана и прогресивна сцена, градот Охрид и Македонија! Како значаен дел од глобалните светски трендови на целосно музичко доживување се потрудивме да понудиме ексклузивна, квалитетна и фестивалска програма. Сеопфатен настан кој за првпат се случува кај нас“, велат тие.

Програмата ќе се одвива од 26 јули до 3 август на плажата Градиште 2, како и забави на бродот „Галеб“, а затворањето ќе биде со забава на зајдисонце во „Долни Сарај“. Меѓу досега најавените имиња се и украинското дуо „Артбат“ и англискиот диџеј и продуцент Ник Фанчули, а допрва се очекуваат и имињата на домашните ѕвезди што ќе го збогатат ова прво издание на „Аманет“.

Поединечните и блок-влезниците за фестивалот се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, како и онлајн на kupikartizase.com.

Аманет Фестивал

☀️ АМАНЕТ ФЕСТИВАЛ ова лето во ОХРИД Од 26.07 – 03.08 на плажата Градиште ќе се случува најдобриот настан.▪️ Светски познат диџеј▪️ Продуцент ▪️ Label Owner 👉 NIC FANCIULLI▪️ Омилен композитор и признат светски диџеј👉 MATTHEW DEKAY▪️Мега популарно техно дуо ARTBAT Се само дел од артистите кои ќе настапат на AmaNET Festival 2019 👉 Два викенди одлична програма👉 Дневна и ноќна забава👉 Журки на брод и👉 Повеќе од 30 диџеи 🎫 Влезници и блок влезници по промотивна цена на сите продажни места на Купи Карти За Се!Биди и ти дел од едно уникатно и незаборавно искуство..

Gepostet von Amanet Festival am Freitag, 28. Juni 2019



Врати се горе ↑