10 декември, 2017

„Металстил“ го претстави „Крајот на светот“

Словенечкиот хеви-метал состав „Металстил“ (Metalsteel) го претстави видеото за својата песна „The End Of The World“, која е сместена на нивниот нов студиски албум насловен „Beyond The Stars“, објавен на 9 декември 2017 година, преку издавачката куќа „Он парол продакшнс“ (On Parole Productions).

„Металстил“ е словенечка хеви-метал институција со сопствен идентитет, која комбинира сирова агресија со мелодични прогресивни структури. Нивниот препознатлив метал се манифестира на седум албуми, вклучувајќи го најновото, најжешко и најсовремено издание „Beyond The Stars“, што воедно е и нивниот прв концептуален албум. Во самите текстови се зборува за вонземски цивилизации, кои се спуштиле на Земјата со цел да се подигне духовната свест на човештвото и да започне нова еволуциска фаза на човекот.

1479336_10152011112544477_1142647971_nФотографија: Макс Петач

„Beyond The Stars“ е албум кој ги поместува границите на бендот и отвора нова поглавје во нивниот музички опус. Сите членови на бендот снимале истовремено, што резултирало со органски звук, кој доследно е вграден во модерната продукција на албумот, а комбинацијата на сирова агресија со мелодиски аранжмани создаде хомогена мешавина од ударен метал со прогресивни елементи, гитара, како и вокални хармонии. „Beyond The Stars“ комбинира едноставност и техничка совршеност со метод на снимање, кој ретко се користи во денешно време, и извонредна продукција.

Во својата кариера, „Металстил“ отсвиреле многубројни концерти низ Европа, а настапувале и со американскиот пејач Џејмс Ривер (Хелстар, Дистант тандер, Малис). Исто така, веќе ја поделиле сцената со легендарни метал-изведувачи, како што се „Саксон“, „Хелоуин“ и тн. „Металстил“ воедно е и првиот словенечки метал-бенд кој настапувал со Словенечкиот симфониски оркестар и хор, на концертот за словенечките жртви на Холокаустот, а се појавиле и во рекламата на Тојота, заедно со сопствена песна. Исто така, ја напишале и снимиле официјалната химна за фестивалот „Метал дејс“ во 2015 година.

„Металстил“ се: Бени Киц (вокал, гитара), Рок Томшиќ (гитара), Матеј Сушник (бас) и Даша Трампуш (тапани), а можете да ги следите на: metalsteel.net, Фејсбук и Бендкемп.

21740175_10155624018569477_461138094685792658_n

Песни на албумот „Beyond The Stars“:

01. Lama Rabi Alardi Dini Endavur Esa Kunis Alim

02. Transhuman

03. Anu

04. Council Of 9

05. Stargods

06. Beyond The Stars

07. Vrillon

08. Materialist No More

09. Astral Traveller

10. The End Of The World



Врати се горе ↑