Балкан noctiferia - foto Luka KaÅ¡e

27 април, 2015

Металците „Ноктиферија“ патуваат во Кина

Еден од најдобрите претставници на регионалната метал сцена, словенечкиот состав „Ноктиферија„ (Noctiferia) продолжува да го промовира својот петти студиски албум „PAX“, кој доби одлични критики и од публиката и од стручната јавност, со што овој секстет од тешка категорија отвори нови можности. Овие метал великани, кои уживаат респектабилен углед и надвор од границите на регионот, одлучија своето петто студиско издание прво да го промовираат на домашен терен, чија кулминација беше визуелниот и звучен удар на 22 јануари во Кино Шишка, којшто го снимаше и РТВ Словенија.

 

 

По завршувањето на промотивната турнеја на домашен терен, кон крајот на април „Ноктиферија“ повторно патува во странство, но наместо вообичаените европски земји и после европските турнеи со угледни бендови како што се „Мардук“, „Катаклизм“, „Имолејшн“, „Хаипокризи“, „Мејхем“, „Самаел“, „Кип оф Калесин“, „Мелекеш“, „Ин флејмс“ и пред летните фестивали, „Ноктиферија“, како прв претставник на словенечкото метал творештво, од 29 април до 11 мај ќе одржи турнеја во земјата на изгрејсонцето.

На оваа 12-дневна турнеја, бендот ќе одржи осум концерти, а првиот во низата е закажан за 30 април во Шангај, каде што ќе ја дели бината со американската група „Килсвич ингејџ“. Потоа следи запознавање со кинеската клупска сцена, како и настапот на „Миди мјузик фестивал“ во Пекинг, кој секоја година привлекува околу 100 илјади посетители.

 



Врати се горе ↑