Македонија

3 јануари, 2019

Мери Тодорова го издаде првиот албум „Lights“

Мери Тодорова – Младеновска ја заокружи изминатата 2018 година со својот прв албум насловен „Lights“, кој содржи девет песни од различни композитори. Автори и аранжери се: Томислав Коцевски-Пепси, Јане Дунимаглоски, Ристо Апостолов (Водолија), Владо Грозданоски, Дејан Миленковски, додека текстовите се на самата Мери, Бранко Николовски, Огнен Неделковски, Петар Нечовски, Симе Младеновски и Томислав Коцевски-Пепси.

Меѓу песните се и оние што се наградени на неколку македонски фестивали на забавна музика, како и дуетите на Мери со Петар Нечовски и со Јане Дунимаглоски. Специјален гостин е Петар Христов, сопран-саксофонист.

Дизајнот на албумот, кој се печатеше во Бугарија, го направи Димитринка Тодорова. Менаџер на целиот проект е Симе Младеновски, наедно и продуцент на серијалот ТВ-емисии „Лица и дела“, кој го уредува и води Мери на ТВ Сонце.

Извор: Нова Македонија



Врати се горе ↑