Свет

1 април, 2017

Мери Џеј Блајџ и Канје Вест ги здружија силите за „Love Yourself“

Ар-ен-би дивата Мери Џеј Блајџ го претстави својот нов сингл насловен „Love Yourself“, во кој гостува колегата Канје Вест. Песната е дел од претстојниот, 14. по ред студиски албум на пејачката, „Strenght of a Woman“, закажан за 28 април, каде што ќе бидат сместени и претходно објавените „Thick Of It“ и „U + Me“.

За новиот материјал пејачката се инспирирала од настани во приватниот живот. Имено, во септември минатата година таа поднела барање за развод од нејзиниот сопруг Кенду Ајзакс, со кого беше во брак 13 години. „Што и да направам, што и да кажам, тој само ми префрлува: ’Твоите обожавателите не те сакаат повеќе. Те мразат. Не те сакаат, мислат дека треба да се откажеш’“, открила таа.

Токму „Love Yourself“ е воведната нумера на новото издание, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑