Аудио mjb

23 септември, 2014

Мери Џеј Блајџ го најави новиот албум со „Therapy“

Американската Р’н’Б дива Мери Џеј Блајџ изминатиов период често патуваше во Лондон за да соработува со продуценти и автори како што се Сем Смит, Дисклоужр, Емели Санде, Ноти Бој и Џими Нејпс, а резултат од сето тоа е нејзиниот тринаесетти по ред студиски албум насловен „The London Sessions“. Како прв сингл вчера беше претставена песната „Therapy“, чии автори се самата Блајџ, сè попопуларниот млад музичар Сем Смит и Ег Вајт (Адел, Флоренс енд д машин), а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Покрај овој сингл, неодамна беше објавена и баладата „Whole Damn Year“, a изданието чиј извршен продуцент е Родни Џеркинс, ќе содржи 12 песни и ќе биде објавено на 2 декември. Списокот на песни можете да го видите во продолжение.

The London Sessions

1. Therapy
2. Doubt
3. Not Loving You
4. When You’re Gone
5. Right Now
6. My Loving
7. Long Hard Look
8. Whole Damn Year
9. Nobody But You
10. Pick Me Up
11. Follow
12. Worth My Time



Врати се горе ↑