Македонија

13 јануари, 2017

„Меморија“ започна со проби за долгоочекуваниот концерт

После пауза од две децении, легендарната македонска група „Меморија“ минатата година реши повторно да се активира, па најави концерт и документарен филм. А сега го имаме и првиот знак дека започнаа подготовките за долгоочекуваниот концерт, кој ќе се одржи кон крајот на годинава. Имено, веста ја сподели басистот Петар Камиказа Георгиевски, кој е еден од основачите на легендарната група.

„Дилеми веќе нема. Концертот е закажан за 18 ноември во арената ’Метрополис’, а дотогаш ќе има и еден тон други работи од нас… АИРЛИЈА… враќање назад веќе нема, речено-сторено… п.с. Натрапникот е нашиот тон мајстор Гени, без него нема да се може, нели… А како звучевме на првата проба само ние ќе си знаеме“, напиша Камиказа на Фејсбук, објавувајќи фотографија од оваа прва проба.

меморија

Групата има и сосема нова фан страница на Фејсбук, каде што ќе се објавуваат сите новости што ќе следат.

меморија2



Врати се горе ↑