5 март, 2017

„Меморија“ запали „Оган под ѕвездите“

Македонската публика со нетрпение го очекува големиот концерт на легендарната група „Меморија“, кој ќе се одржи на 18 ноември во арената „Метрополис“, а како загревање за претстојниот спектакл, бендот приреди настап за паметење на неодамнешното роденденско издание на „Златна бубамара на популарноста“.

На популарната манифестација групата изведе еден од своите најпознати хитови, „Оган под ѕвездите“, докажувајќи им на присутните дека огнот во нив никогаш не згасна и дека во ноември ќе бидеме сведоци на историски концерт, кој долго ќе остане врежан во нашата меморија. За видеото од овој настап се погрижи екипата на „Томато продукција“, а со сето тоа можете да уживате горе.

 „Меморија“ деновиве снимаше и неколку видеа со концертна атмосфера, кои ќе бидат претставени наскоро.

меморија



Врати се горе ↑