Македонија 56y6575

6 февруари, 2016

„Меморија“ се враќаат со концерт и документарен филм

Групата „Меморија“, која уживаше голема популарност кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години на минатиот век, повторно ќе се активира по пауза од две децении. Имено, бендот кој зад себе има бројни хитови („Оган под ѕвездите“, „Нена“, „Зошто Боже“, „Македонија“, „Снежо, Снежана“, „Нашите слики“, „Параходот“, „Црна се чума зададе“…) и пет студиски албуми, подготвува концерт и документарен филм, открива за „Дневник“ басистот Петар Камиказа Георгиевски, кој е еден од основачите на легендарната група, додавајќи дека засега нема планови за снимање нов материјал.

„Меморија“ е основана во 1984 година, а во текот на годините во неа членувале Апостол Поце Икономов, Петар Камиказа Георгиевски, Антонио Димитриевски, Дејан Кузмановски, Валентино Скендеровски, Нино Бошњаковски, покојниот Зоран Илиќ, Александар Јаблан Стефановски, Сашо Ангелов, Дејан Миновски, Ристо Ицо Јовковски, Бане Поповиќ и Ристо Самарџиев, а петмина од нив повторно се собраа и тоа за 55. роденден на Георгиевски. Токму фотографиите од оваа средба беа споделени и на социјланите мрежи, како најава за она што следи од бендот.

Дополнително ќе биде прецизирано дали бендот ќе одржи само еден ексклузивен концерт во Скопје, или ќе се организираат повеќе концерти.

 



Врати се горе ↑