18 декември, 2012

„Мелем“ е новата песна на Калиопи

По „Вучица“, новиот сингл на нашата Калиопи е песната со наслов „Мелем“. Ова е втор сингл од истоимениот албум, чијашто промоција е најавена за февруари следната година. И оваа композиција, како и целиот материјал, е дело на Ромео Грил, кој е комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот, додека режијата на спотот повторно му е доверена на Александар Ристовски – Принц.

Музичкиот тандем Калиопи – Ромео Грил пред една недела заврши со снимањето на последната песна од албумот: „Пресреќни сме! Завршивме со снимањето на албумот и презадоволни сме од материјалот. Секако, сега Ромео го очекува уште работа во неговото студио во Базел, но и во Минхен каде што ќе се работи мастерингот. Искрено се надеваме дека ќе уживате во нашиот и ваш Мелем. Едвај чекам да го чуете целиот албум… Вистински мелем за душа…”, вели Калиопи.

Задоволен од сработеното е и Ромео, кој признава дека почувствувале тага која ја снимиле последната песна, бидејќи завршил еден процес во чија реализација уживале, пишува Вечер.



Врати се горе ↑