23 јули, 2013

Мелани Си се враќа со нов дует

Поранешната членка на најпопуларната британска женска група Спајс Грлс, Мелани Чисхолм (39) по кратка пауза се враќа на музичката сцена. Познатата „Спорти Спајс“ ја започна својата соло кариера во 1998 година, а оттогаш има издадено 5 студиски албуми и едно ЕП издание во 2012 година. Сега Мел Си можеме повторно да ја слушнеме со нова тема, но овој пат како гостин во новиот сингл на еден од победниците на британскиот X Factor, Мет Кардл.

Песната „Loving You“ е прв сингл од претстојниот албум на Кардл, но сè уште нема информации дали и неговата колешка Мел Си го подготвува своето ново студиско издание. Видео записот за новата песна можете да го видите горе.



Врати се горе ↑