Свет Macklemore-Ryan-Lewis

5 април, 2013

Меклмор и Рајан Луис ќе го претстават новиот сингл на MTV филмските награди

Хип-хоп дуото Меклмор и Рајан Луис се едни од потврдените изведувачи кои ќе приредат незаборавен настап на овогодишното доделување на MTV филмските награди, кое ќе се одржи на 14-ти април. Нивниот голем хит „Thrift Shop“ сè уште високо котира на топ листите, а новиот сингл насловен „Can’t Hold Us Down“ премиерно ќе можете да го слушнете на снимката од доделувањето на регионалниот канал MTV во вторник, 16-ти април од 22 часот.

Исто така, ѕвездите од хит комедијата „Pitch Perfect“, Скајлер Астин, Ана Камп, Естер Дин, Адам Девин, Алексис Кнап, Хана Ме Ли, Бен Плат, Британи Сноу и водителката на доделувањето Ребел Вилсон уште еднаш заедно ќе се појават на сцената и ќе ги здружат силите во пеењето акапела. The Barden Bellas и Treblemakers ќе приредат настап за паметење кој лично го осмислил режисерот на филмот Џејсон Мур.

Стив Карел, Мелиса МекКарти, Зак Ефрон, Кери Вашингтон, Сет Роџен, Дени МекБрајд, Аманда Сејфрид, Крис Рок, Адам Сендлер, Крис Пајн, Зои Салдана и Закари Куинто ќе бидат презентери на овогодинешното доделување на MTV филмските награди. Младата пејачка и актерка Селена Гомез за прв пат во живо ќе го изведе синглот „Come and Get It“.

2013 MTV Movie Awards ќе биде и официјален вовед во сезоната на летни блокбастери со своето откачено славење на филмовите, актерите и музиката кои публиката ги сака. Како што е веќе најавено, ѕвездата во искачување – Ребел Вилсон, номинирана за „Најдобра актерка“ и „Најдобра прва улога во филм“ за Дебелата Ејми во филмот „Pitch Perfect“, ќе биде водителка на овогодинешното доделување, а ќе и се придружи и првиот добитник на новата MTV награда „Comedic Genius“Вил Ферел, кој е номиниран во категоријата „Најдобар пар на филм“ со Зак Галифианакис за филмот „The Campaign“. Актерката Џенифер Лоренс, штотуку наградена со Оскар, ќе им се придружи на славните колешки Ема Вотсон, Ребел Вилсон, Ен Хетавеј и Мила Кунис во обидот да однесат дома најмногу „златни пуканки“. На чело на машката група е Сет МекФарлан, потоа Џејми Фокс, Бредли Купер и Ченинг Тејтум. Како и изминатите години, борбата во категоријата „Филм на годината“ ќе трае во текот на преносот на 22-то доделување на МTV филмските награди.

Целосната листа на номинирани во сите категории можете да ја видите на страната на MTV.

 



Врати се горе ↑