Видео

12 јуни, 2018

Мејси Греј се враќа со „Sugar Daddy“

Сопственичката на едни од најголемите хитови што ги одбележаа раните двеилјадити години (I Try, Sweet BabySexual Revolution), Мејси Греј изминатава деценија беше зафатена со објавување на џез-албуми и колекции со преработки, а сега конечно се враќа во соул и поп-водите со синглот насловен „Sugar Daddy“. Интересно е тоа што овој вовед во нејзиниот 10. по ред студиски албум го напиша заедно со помладата колешка Меган Трејнор.

„Ја сакам оваа песна и уживав додека ја снимав“, откри 50-годишната пејачка и додаде дека смета дека ќе биде песна на летото. „Sugar Daddy“, чие видео можете да го погледнете во продолжение, e првиот сингл од албумот насловен „Ruby“, кој ќе го наследи „Stripped“ од 2016 година, а повеќе детали за изданието се очекуваат наскоро.

 



Врати се горе ↑