Аудио

27 декември, 2017

„Мејџор лејзер“ и „Кес“ имаат нов хит – „Go Dung“!

Иако овој период од годината најчесто се пее за Божиќ, Нова година или за снег, популарното електро-трио „Мејџор лејзер“ одлучи да оди во спротивен правец и да ги изненади своите обожаватели со типично летен хит. Станува збор за интересна соработка со сока/калипсо/реге/поп-групата „Кес“ од Тринидад и Тобаго, што сосема очекувано придонесува за карипскиот звук, потсетувајќи нè на сончеви плажи и безгрижни летни уживања.

Сè уште не е познато дали темата насловена „Go Dung“ е најава за ново издание од момците, кои во јуни годинава го објавија ЕП изданието „Know No Better“, каде што сместија шест песни, на кои гостуваат имиња како што се Камила Кабејо, Џеј Балвин, Шон Пол и други. Со доминантните хитови како „Despacito“ и „Mi Gente“, „Go Dung“ одлично ја заокружува годинава исполнета со заразни денс-нумери, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑