Аудио

24 јули, 2016

„Мејџор лејзер“, Џастин Бибер и Мо нè потурија со „Ладна вода“

„Cold Water“ е насловот на неодамна објавената соработка на Џастин Бибер и познатото продуцентско трио „Мејџор лејзер“, надевајќи се дека ќе го повторат успехот на хитот „Where R U Now“, кој на Бибер му ја донесе и првата Греми награда во неговата кариера.

Како коавтори на новата песна се потпишуваат и Ед Ширан и Бени Бланко, со чија помош Бибер ја напиша Love Yourself“, а гостува и младата данска пејачка Мо, со која „Мејџор лејзер“ соработуваше на минатогодишниот мегахит „Lean On“. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑