Настани 997d3d94-a8b2-487e-9fd5-66f38db87ca0

29 јуни, 2016

Мегапопуларното дуо „Сигма“ доаѓа на „Д фестивал“!

Покрај Роџер Санчез, Голди, „Даб пистолс“ и „Тој долс“, уште една високотиражна атракција од светската музичка сцена се приклучува во листата изведувачи кои ќе ја предводат програмата на шестото издание на „Д фестивал“. Од Англија на „Д фестивал“ во Дојран доаѓа хит дуото „СИГМА“ (Sigma), кое со самото појавување на сцената ги освои двете први места на британската листа на синглови со хитовите Rudeboy“, „Changing и колосалниот „Nobody To Love чиј спот пак, бележи повеќе од 199 милиони прегледувања на нивниот канал на Јутјуб. Споменатите видео и сингл им донесоа дури две номинации за „Брит“ наградите, што е најдобра потврда за успехот и актуелноста на нивниот звук, покрај листата соработници со имиња како Канје Вест (Kanye West), Палома Фејт (Paloma Faith), Ерик Придз (Eric Prydz), Ели Гоулдинг (Elie Goulding), Кајза (Kiesza) и други. Минатата година на врвот на топ листите се искачи и нивниот сингл „Higher“ на кој гостува популарниот англиски пејач Лабринт (Labrinth), како најава на новиот албум на „Сигма“ насловен „Life“, со кој ги воодушевија и фановите и критиката. Кон крајот на годината стигна и соработката со Рита Ора, светскиот хит „Coming Home.

 

Со интернационална мултиплатинеста продажба диџеј тандемот „Сигма“ (Камерун Едвардс и Џо Лензи) своите синглови за само една година ги распродаде во тираж од речиси 2 милиони, со 4 изданија на врвот на листите и 2 платинести награди. Покрај номинациите за БРИТ наградите, тие ја распродадоа својата прва турнеја во живо, а од тогаш настапуваат на главните бини на сите водечки светски фестивали вклучувајќи ги „Гластонбери“, „Бестивал“, „Рединг енд Лидс“ (Reading & Leeds), „Ви“, „Ти ин д парк“ (T In The Park), „Паклпоп“ (Pukklepop), „Сигет“ и бројни други. Воедно тие се единствениот драменбејс изведувач кој настапил на церемонијалната вечер на наградите БАФТА.

„Д фестивал“  годинава ќе се одржува до 15 до 17 јули во Дојран. Покрај „Сигма“, своите настапи веќе ги потврдија:  Роџер Санчез, Хладно пиво“ГолдиТој долс“, „Даб пистолс“, „Чиста околина“, „Бернајс пропаганда, „Фолтин“, „Дубиоза колектив“, „Обојени програм“, „Лолобриџида“, „Хипнотајзд“, „Конкеринг лајон“, „Сетстат“ со Мирко Попов и „Лепи Џони“ на главната бина, „Проџект Орфеус“, „Ред степ“, „Фонија“, „Паркети“, „Милко“, „Самостални референти“, „Палиндром“, „Кепурдат“, „Лајтмотиф“, Марко Грејхаунд, „Ана О“, „Метаноја“ и „ПаприкаПаприка“ на „Москито стејџ“, „МКДСЛ“, „Андреас ХЗ“, Мартчин, Митрик, Ел-ти-екс, Меги, Самарџиски, Ди-лајт, Дарко Степиќ, Хајпертек, Оги, Пука, Ханш и Тектон на „Лејк ауејк стејџ“. Наскоро ќе бидат објавени и други изведувачи и гости учесници кои ќе го одбележат шестото издание на „Д фестивал“!

БИЛЕТИТЕ ПО ПРОМОТИВНА ЦЕНА САМО ДО 7 ЈУЛИ

Во моментов актуелна е и продажбата на ПРОМОТИВНИТЕ влезници за „Д фестивал“, кои се достапни по најповолните цени. Промотивната продажна акција ќе се спроведува САМО ДО 7 ЈУЛИ, од кога почнуваат да важат повисоките цени за билетите во претпродажба. Сите информации за влезниците се достапни на овој линк.



Врати се горе ↑